РК Еурофарм Пелистер – Пораз од моќниот ПСЖ за крај на европската сезона на Еурофарм Пелистер

114
РК Еурофарм Пелистер – Пораз од моќниот ПСЖ за крај на европската сезона на Еурофарм Пелистер

Во натпревар без никакво резултатско значење и во кој се играше единствено за престиж, Еурофарм Пелистер успеваше да му парира на моќниот ПСЖ во првото полувреме, но потфрли во вторите триесет минути и на крајот се прости со убедлив пораз од новата епизода во Лигата на шампиони. Битолчани успеваа да се држат и одржуваа минимална негатива, но ПСЖ почна да се одлепува во завршните минути од првиот дел и стана јасно дека избраниците на Раул Алонсо нема да можат да се носат со големиот фаворит.

Фактот што Еурофарм Пелистер немаше ниту едно водство во текот на 60-те минути доволно говори за вечерашниот натпревар, кој на крајот заврши со убедливи 26-35 за гостите од Париз.

Францускиот репрезентативец Пранди со осум гола беше нерешлива енигма за битолчани, Јахја постигна пет погодоци, додека светли точки во Пелистер беа Кузмановски со седум и Пешевски со четири погодоци.

Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
А група – 14 коло

Еурофарм Пелистер – ПСЖ 26-35 (13-18)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 3.500
Судии: Вацлац Хорачек и Јиржи Новотни (Чешка)

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Кузмановски 8, Пешевски 4, Тајник 3, Ристевски 2, Борзаш 2, Пав. Атанасијевиќ 2, Манасков 1, Кузманоски 1, Радивојевиќ 1, Хосни 1, Мамдух 1, Костески, Абутовиќ, Хаџиќ
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути

ПСЖ:
Паличка, Грин, Пранди 8, Јахја 5, Баихенс 5, Сипржак 4, Холм 4, Стајнс 3, Соле 2, Пелека 2, Маршан 1, Тонесен 1, Нарцис, Гребиј, Л. Карабатиќ, Плентин
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер ја заврши групната фаза на Лигата на шампионите на седмото место во А групата со осум бода.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС е против инвестирање во капитални проекти, не сака државата и економијата да се развиваат и за ова го злоупотребува ССМ
Следно соопштениеРекорден скок и историски успех: Андреас Трајковски обезбеди финале на ЕП во Холандија