РК Еурофарм Пелистер – Пораз по деветнаесет победи, Еурофарм Пелистер загуби во дербито во Скопје

93
РК Еурофарм Пелистер – Пораз по деветнаесет победи, Еурофарм Пелистер загуби во дербито во Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го загубија првиот натпревар по деветнаесет победи по ред. Екипата на Бранислав Ангеловски загуби од Вардар 1971 со 24-20, во дуел од осмото коло на плеј-офот. Натпреварот беше неизвесен речиси во целиот тек, Вардар 1961 почесто водеше, најмногу со два гола разлика, но Еурофарм Пелистер успеа да го сврти натпреварот и неколкупати тие да ја имаат предноста.

Беше 19-20 за гостите, до крајот скопјани постигнаа пет гола, а битолчани ниту еден и тоа го одлучи дуелот.

Најдобар кај Вардар 1961 беше Јасухира со шест голови, исто толку постигна и Цехте за Пелистер. Томовски беше клучен со 12 интервенција, Лесјак имаше осум одбрани.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф
Осмо коло:

Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 24-20 (12-11)

Спортска сала: Јане Сандански“ – Скопје
Гледачи: 4.000
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски

Вардар 1961:
Томовски, Јагуриноски, Аларов 1, Георгиевски 4, Карапалески, Јасухира 6, Родригез 4, Лазареовски 3, Гојковиќ, Срдановиќ, Николиќ 1, Петриќ 4, Ѓукиќ 1, Ќосевски, Мело, Гогов
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Манасков, Цехте 6, Кузманоски, Тајник 1, Борзаш, Танкоски, Радивојевиќ 4, Кузмановски 3, Гедбан, Петровиќ, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев 2, Пешевски 4, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 6 минути

Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Бутел Скопје.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДали партиска фирма изведувач, блиска до врвот на СДС е причина за молкот на Ковачевски и Бисера Костадиновска околу пожарот во Универзална?
Следно соопштениеКовачевски: Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит и разбирање, да продолжиме да градиме општество еднакво за сите