РК Еурофарм Пелистер – Португалци ќе го судат балканскиот дуел во Загреб

124
РК Еурофарм Пелистер – Португалци ќе го судат балканскиот дуел во Загреб

Оваа среда и четврток се играат натпреварите од петтото коло на Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави официјалните лица за осумте натпревари.

Еурофарм Пелистер гостува кај шампионот на Хрватска, Загреб, а натпреварот ќе го судат португалските судии Даниел Акото Мартинс и Роберто Акото Мартинс. Делегат ќе биде Томо Водопивец од Словенија.

Натпреварот на шампионот на Македонија и Хрватска се игра в четврток, на 19 октомври, со почеток во 18:45 часот во „Арена Загреб“. Влезот е слободен и се очекува и група на навивачи од Битола.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеТрипуновски: Јавно сакам да ја прашам Николовска кога планира да го објави договорот што го има потпишано со еден вицепремиер во владата на ДУИ/СДС?
Следно соопштениеКовачевски: За година и половина пензиите ги покачивме за 24%, досега тоа не се случило