РК Еурофарм Пелистер – Повредите однесоа преголем данок, Еурофарм Пелистер 2 поразен од Тиквеш

6
РК Еурофарм Пелистер – Повредите однесоа преголем данок, Еурофарм Пелистер 2 поразен од Тиквеш

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа четвртиот пораз во Суерлигата, откако пред своите гледачи загубија од Тиквеш со 17-23 (12-15(. Неиграњто на повредените Баптист Одифрен, Христијан Митревски и веднаш по почетокот на натпреварот и Стефан Дрогришки драстично им ја олеснија работата на кавадарчани.

Домаќините тргнаа добро во натпреварот и поведоа со 4-2, но во продолжение гостите од Кавадрци беа подобар противник и брзо го свртија резултатот во своја корист. Веќе до паузата ја најавија победата со водството од 8-13. На стартот од вториот дел Тиквеш за првпат се искачи на шест гола разлика, но пелистерци конечно врзаа неколку гола во серија и се вратија на подносливи три негатива (12-15). Сепак, неискуството на младите момци на Александар Зарков беше пресудно во клучните моменти, кога се кршеше резултатот. Гостите во финишот го подигнаа нивото на игра и заслужено ја впишаа само втората овосезонска победа и тоа одново на гостински терен.

Најдобри со по четири гола беа Димитар Коцев од Тиквеш и Ненад Белистојановски од редовите на Пелистер.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Шесто коло

Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 17-23 (8-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Црвен картон: Мохамед Азис Бен Мафуд

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, М. Фехми, Младенов, Марковски, Лозановски, Гичев, Даневски, Шулевски 2, А, Фехми 2, Димитровски, Пецаковски 1, Славков, Белистојановски 4, Дрогришки 1, Мохамед Азис Бен Мафуд 7, Ѓорѓиевски
Седмерци: 8/6
Исклучувања: 8 минути

Тиквеш:
Панов, Печурица, Велков, Христоски 1, Магди Ахмед 3, Стојановски 1, Цејовиќ, Петрески 2, Димовски 1, Лазов 2, Манасков 1, Коцев 4, Симиќ, Цветковски 3, Мијушковиќ 2, Гришикашвили 3
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 6 минути

Во следното сдмо коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Пролет.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеАко Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии
Следно соопштениеГичев: ДПМНЕ ги изневери граѓаните, време е за нова позитивна енергија и прогрес во Свети Николе