РК Еурофарм Пелистер – Познати термините за евро-сезоната, забележете кога игра Еурофарм Пелистер!

58
РК Еурофарм Пелистер – Познати термините за евро-сезоната, забележете кога игра Еурофарм Пелистер!

Шеснаесетте учесници во ланското издание на Лигата на шампионите ќе се натпреваруваат и оваа сезона. Познати се термините за натпреварување, кои предвидуваат девет интензивни месеци на највисокото клупско ниво.

Групната фаза ќе започне во втората недела од септември, десет кола ќе се одиграат до крајот на оваа година, а последните четири од групниот сегмент во февруари и март 2026 година. Завршниот турнир е во вториот викенд од јуни следната година во „Ланксес Арена“.

Македонските љубители на ракометот, посебно фановите на Еурофарм Пелистер, можат да ги забележат датумите за сезоната.

Термини за Лигата на шампионите 2025/26:

Групна фаза:

1. коло – 10/11 септември 2025
2. коло – 17/18 септември 2025
3. коло – 24/25 септември 2025
4. коло – 08/09 октомври 2025
5. коло – 15/16 октомври 2025
6. коло – 22/23 октомври 2025
7. коло – 12/13 ноември 2025
8. коло – 19/20 ноември 2025
9. коло – 26/27 ноември 2025
10. коло – 03/04 декември 2025
11. коло – 18/19 февруари 2026
12. коло – 25/26 февруари 2026
13. коло – 04/05 март 2026
14. коло – 11/12 март 2026

Осминафинале:
01/02 април и 08/09 април 2026

Четвртфинале:
29/30 април и 6/7 мај 2026

„Фајнал-фор“:
13 и 14 јуни 2026

Ждрепката за групната фаза е закажана за в петок во 15:00 часот во Виена, а Еурофарм Пелистер е класифициран во третиот шешир.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДенот во 60 секунди-Македонија ќе стане земја што извезува електрична енергија, исплата на субвенции во земјоделството и нови инвестиции во Тетово
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер во третиот шешир пред ждрепката во Виена