РК Еурофарм Пелистер – Продолжена „Платформата за ракометна Битола“, акционерите задоволни од потписот!

34
РК Еурофарм Пелистер – Продолжена „Платформата за ракометна Битола“, акционерите задоволни од потписот!

Најракометниот град има причина за ново задоволство. Ни претставува чест да го официјализираме продолжувањето на договорот за „Пларформата за ракометна Битола“. Акционерите, Општина Битола и компанијата Еурофарм, денес го потпишаа договорот за продолжување на соработката.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на клубот и на компанијата Еурофарм, Зоран Стерјев во автентичен сегмент во спортската сала „Боро Чурлевски“ ставија потпис на третиот договор во рамките на оваа платформа. Со оглед на тоа што стариот договор е на истек со завршувањето на оваа сезона, акционерите обезбедија сигурна иднина, стабилен буџет и компетитивен тим. Претставниците на акционерите изразија задоволство од овој договор и испратија пораки на победи и титули на армијата навивачи на Еурофарм Пелистер.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Стерјев: Обединувањето стана уште поголемо, убеден сум дека пак ќе играме во Лигата на шампионите (ВИДЕО)
Следно соопштениеПОДИГНАТ МЕШАН ОТПАД ОД ДЕПОНИИ ВО БАРДОВЦИ И ЗЛОКУЌАНИ