РК Еурофарм Пелистер – Прва радост во плеј-аутот: Младите пелистерци пресилни за Радовиш

78
РК Еурофарм Пелистер – Прва радост во плеј-аутот: Младите пелистерци пресилни за Радовиш

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 извојуваа прва победа во плеј-аутот, Тие славеа над Радовиш со 34-31 во натпреварот од второто коло на плеј-аутот во македонската Суперлига.

Битолчани одиграа одлично прво полувреме и беа во подобар ритам, а тоа резултираше со предност од пет гола на паузата (18-13). Гостинскиот тим успеваше да се одржува во истата негатива и по 15 минути игра во вториот дел, a потоа покажа и „заби“, враќајќи се на само еден гол негатива на 120 секунди до крајот (32-31).

Пелистерци успеаја да погодат на другата страна од паркетот и не дозволија целосен „кам-бек“ на ривалот, кој рака на срце, одигра навистина храбро во завршниот период од мечот. Се обиде Радовиш да дојде уште еднаш на само -1, но немаше повеќе време и мораше да се помири со пораз (34-31).

Мохамед Бен Азиз Мафуд и Одифред Баптист постигнаа по седум гола кај Еурофарм Пелисгер 2, а еден гол повеќе забележа Славе Јанковски.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-аут – второ коло

Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 34-31 (18-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 200
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски

Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Јовановски, Младенов, Марковски 5, Лозановски 2, Гичев, Даневски, Лозановски, А. Фехми, Дамчевски, Пецаковски 1, Славков 2, Белистојановски 5, Дрогришки 5, Мохамед Азис Бен Мафуд 7, Одфред Баптист 7
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути

Радовиш:
Паунов, М. Димов 4, Петров 4, Трајанов, Постолов 7, Јанковски 8, Ристов, И. Димов 2, Велков, Трајанов 1, Трајчевски 5, Ончев, Манасов, Костадинов
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути

Во следното коло, Еурофарм Пелистер 2 ќе игра со Куманово на гости, додека Радовиш на домашен терен ќе го пречека тимот на Пролет 62.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПетрушевски со факти за платите: За помалку од 2 години раст на минималната и просечната плата и стабилизација на инфлацијата
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Шампионот првпат поразен дома, Вардар 1961 со победа заминува од Битола