РК Еурофарм Пелистер – Пулените на Зарков го надиграа Тиквеш и ќе играат во финалето на турнирот во Прилеп

10
РК Еурофарм Пелистер – Пулените на Зарков го надиграа Тиквеш и ќе играат во финалето на турнирот во Прилеп

Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 30-21 (16-10)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се пласираа во финалето на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, откако го надиграа Тиквеш со 30-21. Кавадарчани играа без капитенот Симиќ и Обина, но тоа не ја намалува победата на битолчани. Голманот Јовановски имаше неколку интервенции во серија, погодуваа Белистојаноски, Митревски, Калајџиески…и во на пауза беше 16-10 за Еурофарм Пелистер 2.

Охриѓани беа подобри од српскиот тим Врање со 28-22 (13-11) и ќе играат во финалето в недела.

Натпреварот за петтото место меѓу Прилеп и Куманово ќе се одигра утре од 11:00 часот, два часа подоцна ќе играат Врање и Тиквеш за третото место, додека од 15:00 часот е големото финале меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗлатен медал за Силвио Мировски на Светското првенство во кик бокс
Следно соопштениеОТВОРЕН 3Х3 БАСКЕТ ТУРНИР ВО БИТОЛА