РК Еурофарм Пелистер – Радовиш немоќен во Битола, Еурофарм Пелистер се врати на врвот во Суперлигата

77
РК Еурофарм Пелистер – Радовиш немоќен во Битола, Еурофарм Пелистер се врати на врвот во Суперлигата

Еурофарм Пелистер без проблеми запиша победа над Радовиш во првенствениот меч од 20. коло во Суперлигата. И со комбиниран тим актуелниот шампион не виде мака со Радовиш кого го надигра со 39-24. Битолчани одиграа колку што им беше доволно против фенерџијата во шампионатот, средба во која двете полувремиња ги добија со 21-14 и 18-10.

Во елемент беше Дејан Манасков со десет постигнати голови, додека по пет реализации имаа Борзаш, Ристевски и Петровиќ. Во тимот на новиот тренер Игор Котевски се истакна Сантос со седум реализации.

Ракомет
Суперлига 2024/25
20. коло

Радовиш – Еурофарм Пелистер 24-39 (14-21)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 800
Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски

Радовиш:
Паунов 1, Костадиновски, Петров, Постолов 5, Трајчевски 3, Јанковски 2, Сантос 7, Стојановски 3, Илиев 2, Адамовиќ, Кочаров, Цветковски, Трајанов 1, Ончев, Атанасов, Костадинов
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков 10, Ристевски 6, Тајник 1, Борзаш 5, Радивојевиќ, Кузманоски, Костески 5, Ѓорговски 4, Петровиќ 5, Пешевски 1, Хаџиќ 2, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Во следното 21. коло Еурофарм Пелистер в сабота го пречекува тимот на Бутел Скопје во Битола.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДенот во 60 секунди- Билатерална средба Мицкоски-Орбан и вмрежување со Унгарија на економско поле, раст на БДП како резултат на добрите политики
Следно соопштениеНаслов: Народот го прочита и знае дека Трендафилов, кој сега глуми синдикалец, е на тастер на СДС кој молчеше додека тие го осиромашуваа народот