РК Еурофарм Пелистер – Раул Алонсо: Игравме егал со Фуксе Берлин 40 минути!

71
РК Еурофарм Пелистер – Раул Алонсо: Игравме егал со Фуксе Берлин 40 минути!

Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер претрпе пораз од Фуксе Берлин од 39-29 во натпреварот од 13. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Бундеслигашот важеше за апсолутен фаворит на ова соочување на кое му беа потребни бод/бодови на Пелистер за да останат во игра за место во нокаут фазата, но домаќинот не дозволи никакво изненадување и забележа сигурен триумф од десет разлика.

На прес-конференцијата по натпреварот Раул Алонсо сепак беше задоволен од изданието на ракометарите на Еурофарм Пелистер.

„Натпреварот беше повеќе-помалку израмнет сè до последните дваесет минути игра. Се трудевме да не дозволиме да загубиме со висока разлика. Во дефанзивата завршивме одлична работа, но во вториот дел не можевме да го реализираме она што го планиравме. Би сакал да им честитам на моите момци за одиграното на овој натпревар“, рече Раул Алонсо.

Битолчани се враќаат на обврските во Бундеслигата и в недела од 13:00 часот ќе гостуваат во Радовиш.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОДАЖБА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО СЕЛЕКЦИЈАТА НА СЛОВЕНИЈА – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеСДСМ: Мицкоски, странските инвестиции во 2024 се 90% реализирани од СДСМ