РК Еурофарм Пелистер – Разиграниот Еурофарм Пелистер лесно се спрати со Бутел Скопје

127
РК Еурофарм Пелистер – Разиграниот Еурофарм Пелистер лесно се спрати со Бутел Скопје

Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 37-19 (17-12)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа убедлива победа од 37-19 над скопски Бутел, во дуелот од петтото коло. Шампионот на Македонија победата ја најави уште во првото полувреме, после кое имаше предност од 17-12, а таа предност постојано се зголемуваше и во вториот дел се до конечните +18.

Еурофарм Пелистер со оваа победа се израмни со бројот на бодови со екипата на Пролет, со по 12, на втората позиција во групата Б, веднаш позади Вардар кој е лидер со максимални 15 бодови после пет првенствени кола.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Б група – Петто коло

Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 37-19 (17-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи:1.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

Еурофарм Пелистер:
Гедбан, Кизиќ, Цехте 3, Кузманоски 3, Кисум 1, Борзаш 1, Танкоски 4, Радивојевиќ 6, Костески 7, Петровиќ 2, Пет. Атанасијевиќ 2, Васиљев 1, Ѓорговски 1, Пешевски 2, Сери 1, Пав. Атанасијевиќ 3
Седмерци: 3/3
Исклучувања: /

Бутел Скопје:
Стојаноски, Блажевски, Андревски, Стојановски, Пејковски, Ѓеоргиевски, Николов 4, Крстевски 1, Иваниќ 3, Спасовски 5, Бошковски 1, Блажевски, Јефтиќ 3, Михајловиќ 2, Цветковски, Јовевски, Давитковски
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 6 минути

Во следното шесто коло во вторник Еурофарм Пелистер гостува кај Пролет во Скопје.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Фестивал од голови во „Боро Чурлевски“, Еурофарм Пелистер 2 изненаден од Аеродром
Следно соопштениеПоминаа 2 години, градоначалниците на ДПМНЕ не направија ништо