РК Еурофарм Пелистер – Разиграниот шампион не дозволи изненадување, Бутел немоќен во Битола

44
РК Еурофарм Пелистер – Разиграниот шампион не дозволи изненадување, Бутел немоќен во Битола

Ракометарите на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер запишаа уште една убедлива победа во македонската Суперлига откако го совладаа Бутел со 31-21. Ова е десетта победа за шампионот и тоа со половина сили, бидејќи Гарабаја го изротира ростерот и им даде шанса на сите ракометари. Цехте, Радивојевиќ и Хенегман добија слободно попладне, а повратниците Хаидарирад и Ристевски имаа значајна улога во победата,

Битолчани тргнаа фуриозно уште од самиот почеток на мечот, откако дојдоа до предност од 9-2, ја тргнаа педалата од гас па Бутел почна да ја стабилизира играта. На одмор Еурофарм Пелистер отиде со предност од 16-10. Сликата беше слична и во второто полувреме, пелистерци ја зголемуваа предноста до конечни 31-21.

Видомски, Ристевски, Петар Атанасијевиќ со по пет постигнати голови беа најефикасни кај домаќинот. Во редовите на Бутел најдобар поединец беше Димитар Узунчев со шест погодоци, а еден помалку постигна Рио Козакаи.

Ракомет
Суперлига 2025/26
12. коло

Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 31-21 (16-10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Манасков 4, Видомски 5, Ристевски 5, Хакберт 2, Тајник 2, Калид Валид, Кузмановски 2, Абутовиќ, Калајџиовск 3, Пет. Атанасијевиќ 5, Пешевски, Хосни, Хаџиќ 2, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 6 минути

Бутел Скопје:
Трајкоски, Ат. Трсунов, Божиновски, Тодевски, Ѓорѓиевски 1, Николов 2, Ар. Трсунов 1, Спасовски, Д. Узунчев 6, Киселовски 1, Каевски 2, Николовски, Михајловиќ 2, Козакаи 5, Зенговски, Гришикашвили 1
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 2 минути

Во следното 13. коло Еурофарм Пелистер му гостува на тимот на Пролет.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Победа во пелагониското дерби, Еурофарм Пелистер 2 врза три позитивни мечеви
Следно соопштениеТрајановски не е промена за СДС, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев