РК Еурофарм Пелистер – Ревија на голови во Гостивар, Еурофарм Пелистер 2 ја преслуша Јехона

72
РК Еурофарм Пелистер – Ревија на голови во Гостивар, Еурофарм Пелистер 2 ја преслуша Јехона

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со одличните настапи во прволигашката конкуренција, а денес нова жртва на битолскиот тим беше Јехона. Избраниците на Александар Зарков на гостувањето во Гостивар славеа со 24-40, а победата ја обезбедија уште во првото полувреме кое го добија со плус 10-21.

Ракомет
Прва лига 2024/25
12. коло

Јехона – Еурофарм Пелистер 2 24-40 (10-21)

Спортска сала „Младост“ – Гостивар
Гледачи: 300
Судии: Пеце Стефановски и Наташа Глигороска

Јехона:
Давидоски 3, Живкоски, Стојаноски, Костовски 2, Јованоски, Тасески 10, Михајловски 1, Б. Груевски, Николоски, Рушити, Салиу 5, Димитриески, Шазивари, Селмани 1, Д. Груевски 1, Маринковски 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Младенов, Спасевски, Маркоски 6, Блажевски, Наумовски 1, Митревски 7, Димитровски 3, Калајџиовски 5, Пецаковски 2, Славков, Димовски 1, Гичев 5, Белистојановски 9, Југовски, Дрогришки 1
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути

Најефикасен во победничкиот табор беше младинскиот репрезентативец Ненад Белистојаноски со девет погодоци, додека Христијан Митревски додаде седум.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСо Трипуновски и ДПМНЕ на земјоделците им е многу полошо
Следно соопштениеРЕЗУЛТАТИ ОДБОЈКА 13 КОЛО – Karpos.gov.mk