РК Еурофарм Пелистер – Ревија на убави голови, Еурофарм Пелистер преку Бутел пак на врвот во плеј-офот

57
РК Еурофарм Пелистер – Ревија на убави голови, Еурофарм Пелистер преку Бутел пак на врвот во плеј-офот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа седма плеј-оф победа во Суперлигата, откако во рамките на осмото коло славеа над Бутел Скопје со 35-26 (15-12). Средбата во салата „Боро Чурлевски“ понуди израмнет прв дел, а потоа и доминација на битолчани во продолжението за конечна убедлива победа.

Во вториот дел Еурофарм Пелистер покажа многу подобра игра, лесно дојде до убедлива предност и на крајот славеше со девет голови разлика, конечниот резултат беше 35-26.

Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со десет голови, исто толку на спротивната страна постигна Филип Николов.

Ракомет
Суперлига
Плеј-оф – деветто коло

Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 35-26 (15-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески
Црвен картон: Драган Шолиќ (Бутел Скопје)

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Брестовац, Манасков 3, Цехте 3, Ристевски 1, Тајник 1, Борзаш 6, Кузмановски 10, Костески, Абутовиќ, Пешевски 1, Хосни 3, Хаџиќ 3, Пав. Атанасијевиќ 2, Мамдух 2
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 6 минути

Бутел Скопје:
Стојаноски, Спасовски 2, Субашевски 3, Георгиевски, Николов 10, Новаковски, Т. Узунчев 2, Д. Узунчев, Милошески 4, Киселовски, Каевски, Михајловиќ 2, Василевски, Зенговски, Шолиќ 3, Давитковски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 12 минути

До крајот на плеј-офот Еурофарм Пелистер има уште две клучни гостувања во Скопје против Алкалоид Ракомет и Вардар 1961.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДенот во 60 секунди –  Средбата со Калас е важен чекор за градење доверба меѓу Македонија и ЕУ,  се работи и на зголемување на квалитетот на образованието и меѓународна видливост
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Доминанто и без пораз Еурофарм Пелистер 2 се врати во Суперлигата!