РК Еурофарм Пелистер – Шест пелистерци на скратениот список на Лазаров за подготовките за ЕП

61
РК Еурофарм Пелистер – Шест пелистерци на скратениот список на Лазаров за подготовките за ЕП

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометарите на кои ќе смета за време на подготовките за Европското првенство во 2026 година.

На списокот на Лазаров има 21 ракометар, а од нив 18 ќе патуваат за Хернинг, каде што Македонија ќе ги игра своите натпревари од групата. Од првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер повикани се: Никола Митревски, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, браќата Атанасијевоиќ и дебитантот Самоил Ристевски.

271967 lazarov gi odbra junacite za ep vo danska ima eden stranec i sedum rezervi2x

Подготовките Македонија ги почнува на 22 декември, а шест дена подоцна во Пореч против Хрватска ќе го играме првиот пријателски натпревар. Исто така Лазаров ќе тестира на и во Швајцарија на „Жолт Куп“ каде што ќе се сретнеме со Бајреин и Украина во период од 8 до 10 јануари.

Македонија на првенството ќе игра во групата Б, каде што се сместени уште Португалија, Романија и Данска.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеТренчевска: СДСМ има нова сила-спој на младост, искуство, мудрост и ентузијазам
Следно соопштениеМОК одржа Форум на спортисти посветен на „двојна кариера“ и успешна транзиција од спортските терени во деловен свет