РК Еурофарм Пелистер – Шпанците Љоренте и Серадиља ќе му судат на Еурофарм Пелистер во Алборг

122
РК Еурофарм Пелистер – Шпанците Љоренте и Серадиља ќе му судат на Еурофарм Пелистер во Алборг

Веќе во среда и четврток продолжува ракометната Лига на шампиони, а битолски Еурофарм Пелистер го очекува првото гостување. Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварот на македонскиот шампион против данскиот Алборг.

Шпанците Марин Љоренте и Гарсија Серадиља ќе го водат дуелот на пелистерци против Ландин, Хансен и другарите, а
делегат ќе биде Сигурдсон од Исланд.

Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер се игра в среда на 20 септември од 20:45 часот во „Шпаркасен Арена“ во Алборг.

Во првото коло Алборг извојува гостинска победа на теренот на европскиот вицешампион Киелце.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКако главен подизведувач на коридорите 8 и 10Д, фирмата Евровиа повторно ќе ја полни партиската каса на ДУИ со парите на граѓаните
Следно соопштениеИзборот е интеграција во ЕУ и подобар животен стандард или изолација и уназадување