РК Еурофарм Пелистер – Силен отпор на пелистерци и тесен пораз од гигантот Монпелје

152
РК Еурофарм Пелистер – Силен отпор на пелистерци и тесен пораз од гигантот Монпелје

Монпелје – Еурофарм Пелистер 29-26 (12-11)

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер забележа втор пораз на меѓународниот турнир во Добој. Во последното коло од групната фаза пелистерци беа совладани од Монпелје со 26-29.

Првиот период бепше израмнет, двете екипи се менуваа во водство, а по дваесет минути резултатот беше 8-8. Сепак, францускиот тим на полувреме имаше позитива од еден гол (11-12). Во второто полувреме Монпелје додаде гас, поведе и со девет гола предност, а до крајот Еурофарм Пелистер успеа да спушти на пристојна негатива од три гола (26-29).

Монпелје – Еурофарм Пелистер 29-26 (12-11)

Судии: Дејан Берјан и Горан Илиќ (БиХ)
Гледачи: 600

Монпелје:
Нилс, Карлсон, Симоне 2, Вилмино 5, Бертије 4, Пелас 4, Борзингер, Хешам 4, Фернандез 4, Лен 2, Скубе, Конан, Корне 1, Дубуа, Монте, Порт 2, Десбоне, Начиновиќ 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан. Кизиќ, Цехте 5, Кузманоски 3, Тајник 3, Кисум 3, Борзаш 3, Танкоски, Костески 5, Нилсен. Петровиќ, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски, Пав. Атанасијевиќ, Васиљев 1, Пешевски 1, Стевановиќ 1
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 4 минути

Во натпреварот за петтото место утре напладне Еурофарм Пелистер ќе се сретне со првакот на Хрватска, Загреб.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Хрватскиот го победи македонскиот првак во дуелот за петтото место во Добој
Следно соопштение(ВИДЕО) Ковачевски и СДС со месеци лажат дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени, вчера вистината излезе на виделина власта едвај има 70 пратеника