РК Еурофарм Пелистер – Симултанка на Белистојановски, Еурофарм Пелистер 2 ја освои Автокоманда

3
РК Еурофарм Пелистер – Симултанка на Белистојановски, Еурофарм Пелистер 2 ја освои Автокоманда

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 12. коло од прволигашката конкуренција славеa во Автокоманда кај младиот Мулти Есенс со 22-31. Предводник кај Еурофарм Пелистер 2 беше младинскиот репрезентативец Ненад Белистојановски со 13 гола, а кај домаќините прво име беше Александар Стојков со девет гола.

Ракомет
Прва лига – Група А – 2024/25
12. коло

Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 22-31 (9-15)

Спортска сала „Автокоманда“ – Скопје
Гледачи: 300
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски

Мулти Есенс:
Г. Трајковски, Поповски 3, Насевски 1, Пецановски 1, Крстевски, Николовски, Трајчев 1, Каракалашев 4, Стојков 9, Гурмешевиќ 3, Ј. Трајковски, Тевдовски, Петрески, Стојчевски
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски 1, Младенов, Маркоски 2, Наумовски, Митревски 5, Марковски, Димитровски 2, Калајџиовски 6, Пецаковски, Славков, Гичев, Димовски 1, Ивановски, Белистојановски 13, Југовски, Дрогришки 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 14 минути

Еурофарм Пелистер 2 во досегашниот тек од сезоната нема пораз, победи на сите девет натпревари и со 18 бода се наоѓа на лидерското место во групата А



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДиректорите на Фондот за иновации од СДС го оштетиле за над 400.000 евра
Следно соопштениеВардар – Алкалоид 24.11.2024 – RK VARDAR 1961 I Official site