РК Еурофарм Пелистер – Симултанка на Кузмановски, Еурофарм Пелистер тешко го „скрши“ Пролет

101
РК Еурофарм Пелистер – Симултанка на Кузмановски, Еурофарм Пелистер тешко го „скрши“ Пролет

Екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа четвртата победа во исто толку натпревари во плејоф фазата во ракометната Суперлига. Момците на Бранислав Ангеловски беа подобри од Тинекс Пролет со 32-29 и тоа во дуел во кој блескаше македонскиот репрезентативец, Кузмановски со дури 17 голови. Најголема поддршка му беше Радивојевиќ со пет погодоци, додека на спротивната страна по шест реализации имаа Димковски и Андоновски.

Домаќините беа подобар противник на самиот почеток, тргнувајќи фуриозно и поведоа со пет разлика. Сепак, капитенот Ласко Андоновски презеде одговорност постигнувајќи три гола во завршницата од полувремето, по што на одмор се замина со 16-13.

Гостите потоа почнаа одлично и во второто полувреме, експресно намалувајќи на 16-15 преку Палевски и Арсеновски. Еурофарм Пелистер Пелистер дојде до 23-20 и 24-21, но следеше нова фантастична серија на Тинекс Пролет. Ангеловски побара тајм-аут, но серијата на Тинекс Пролет продолжи и со головите на Мајнов и на Димковски стигна до израмнување од 25-25. Во завршницата домашниот состав преку голови од седмерци во завршните десет минути што Филип Кузмановски успеа да ги реализира, го скрши отпорот Тинекс Пролет за конечни 32-29 во Битола.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф (четврто коло):

Еурофарм Пелистер – Пролет 32-29 (16-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ — Битола.
Гледачи: 1.100
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиж, Цехте 1, Кузманоски 2, Тајник 1, Пиечкоски 1, Танкоски, Радивојевиќ 5, Кузмановски 17, Костески 2, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Пешевски, Сери, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 11/11
Исклучувања: 6 минути

Пролет:
Михаљевиќ, А. Петковски, Х. Петковски, Алексовски, Крстевски, Пецаковски, Василевски 2, Додевски 2, Димов 2, Андоновски 6, Мајнов 1, Димковски 6, Палевски 5, Спасовски, Арсеновски 5
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути

Тиквеш, кој во ова коло славеше во Скопје против Бутел, е следниот ривал на Еурофарм Пелистер што ќе биде нов голем предизвик за двете екипи.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеБоро Марлборо од СДС главен на група која тргувала дрога, соработниците на Ковачевски најголеми криминалци
Следно соопштениеЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина