РК Еурофарм Пелистер – Сите индивидуални признанија на Струшкиот турнир завршија во рацете на пелистерци

9
РК Еурофарм Пелистер – Сите индивидуални признанија на Струшкиот турнир завршија во рацете на пелистерци

Еурофарм Пелистер во драматично финале го победи Вардар 1961 со 29-26 и го освои турнирот во Струга по 14. пат во историјата, па двата македонски ракометни бренда се израмнети на врвот на вечната листа.

По крајот на финалето, Еурофарм Пелистер ги собра и индивдуалните награди. За МВП на турнирот е прогласен Филип Кузмановски. За најдобар голман прогласен е новајлијата Филип Ивиќ, додека најдобар стрелец е српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ.

Третото место на турнирот го освои Гуиф од Шведска со победа над грчки ПАОК, додека петтото место му припадна на Тиквеш со триумф над домаќинот Струга.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС го создаде хаосот на улиците, десетици убиства уште се нерасчистени, Кузеска да внимава за што држи прес конференции да не се извинува повторно
Следно соопштениеИзвестување за извлекување на натпреварувачки броеви за Супер Машка Лига и групите за Супер Женска Лига – Ракометна Федерација на Македонија