РК Еурофарм Пелистер – Со завршна манифестација Еурофарм Пелистер ја затвори успешната сезона

122
РК Еурофарм Пелистер – Со завршна манифестација Еурофарм Пелистер ја затвори успешната сезона

Со интерна манифестација, посветена на акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, шампионот на Македонија, РК Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2023/24. На церемонијата, одржана во Голд Фелициа, присутни беа сите чинители на успешната сезона. Клубот го анализираше постигнатото, се обратија претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директор Звонко Шундовски, тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски. Со пригодни подароци беа испратени ракометарите кои заминуваат од клубот на истек на договорот. Следната ваква средба закажана е за крајот на август, при претставувањето на екипата за сезоната 2024/25.

Бранислав Ангеловски

Подготовките за новата сезона ќе ги започнеме на 24 јули, дефиниран ни е планот на припреми и турнирите на кои што ќе играме. Немаме потврда во кое европско натпреварување ќе настапуваме, па потоа ќе перфекционираме. Сакам да ја потенцирам професионалноста на нашиот организационен тим, претседателот и спонзорите. Со ваква обединетост верувам дека следната сезона ќе се радуваме на три титули. Не се криеме, ги сакаме сите домашни титули и првпат во историјата на нашиот клуб да врземе три шампионски титули по ред.

Звонко Шундовски

Конструираме посилен Еурофарм Пелистер за следната сезона. Веќе го имаме ростерот спремен околу 80-90% и во следните денови ќе ги објавиме нашите следни чекори. Можам да потврдам дека доаѓаат два искусни голмани, репрезентативци на своите земји, Никола Митревски и Филип Ивиќ. Ќе продолжиме договори со важни ракометари во ростерот од оваа земја и наскоро ќе објавиме кои се нашите нови членови на позициите кружен напаѓач и десен бек.

Сакам да ги поздравам и навивачите, наскоро ќе очекуваат промени и во изгледот на дресот. Брендот остамнува ист, но зелениот и синиот дрес ќе претрпат нов дизајн. Се надевам дека тоа на нашата армија навивачи ќе им се допадне.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Хрватот Кајо Цикетиќ е нов член на Еурофарм Пелистер
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари