РК Еурофарм Пелистер – Спогодбен раскин на договорот со Мирко Радовиќ, капитенот заминува во пет години

84
РК Еурофарм Пелистер – Спогодбен раскин на договорот со Мирко Радовиќ, капитенот заминува во пет години

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со капитенот Мирко Радовиќ, една година пред истекот. Нашиот капитен и нашата управа дојдоа до заеднички став дека најдобра опција за ракометарот е промена на средината и поголема минутажа од таа која ја имаше во минатата сезона.

Мирко Радовиќ е омилен ракометар во нашата средина, меѓу ракометарите и навивачите и неговиот квалитет и енергија секогаш ќе ни недостигаат. Во него имавме лидер, страстен професионалец и пример за помладите. Вратите во нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за Мирко Радовиќ и клубот на посебна манифестација ќе му се заблагодари за петте незаборавни години.

Црногорскиот репрезентативен капитен со Еурофарм Пелистер освои една Суперлига, два Суперкупа на Македонија, го водеше нашиот клуб низ европските и регионалните успеси и вгради победнички дух кој ќе ни биде водилка низ кариерата.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски: ВМРО ДПМНЕ никогаш не поддржале ниту една стратешка одлука, не го поддржаа ни ФРОНТЕKС
Следно соопштениеПомина една недела откако Мерко е на црната листа на САД, а ДУИ и СДС сеуште го кријат својот миленик и не бараат оставка