РК Еурофарм Пелистер – Спогодбено раскинат договорот со Андреас Нилсен

110
РК Еурофарм Пелистер – Спогодбено раскинат договорот со Андреас Нилсен

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен. Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион. 26-годишниот Нилсен настапи во „зелено-белиот“ дрес во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите и покажа професионален пристап и ангажман.

Сепак, заради професионален предизвик и враќање во татковината, Нилсен пред истекот на договорот се разделува со нашиот клуб. РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува за периодот минат во нашиот клуб, нашиот град и нашата земја. Искрено му посакуваме успех во следниот предизвик и нашиот клуб секогаш ќе биде отворен за соработка за професионалци како Андреас Нилсен.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеKoвачевски од трибината „Повеќе за сите“: Поддршка за пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци
Следно соопштениеКовачевски од Прилеп: Со новиот пакет мерки до 10.800 денари поддршка за ученици за 6 месеци