РК Еурофарм Пелистер – Стефан Трпчевски потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер 2

141
РК Еурофарм Пелистер – Стефан Трпчевски потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер 2

РК Еурофарм Пелистер 2 ја известува јавноста дека нов член на нашиот клуб е десниот бек Стефан Трпчевски. 26-годишниот ракометар потекнува од школата на нашиот клуб и се враќа во Битола по неколку интернационални искуства. Десниот бек потпиша договор на две години со битолскиот клуб.

Во претходните неколку сезони играше за шпанскиот Бургос, финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и грчкиот Фаикас Корфу.

Трпчевски во македонскиот ракомет ги бранеше боите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.

Новиот ракометар ќе се јави на прозивката на тренерот Михаил Петровски на 24 јули, а официјално ќе биде претставен во август оваа година.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПопов:Ќе мотивираме голем број на млади луѓе да останат да создаваат и творат во Република Македонија
Следно соопштениеОТА надвор од законот набавила шпионски софтвер Предатор кој е проблематизиран од НАТО и може да ги следи сите интернет активност на сите граѓани!?