РК Еурофарм Пелистер – Струга лесен залак, Прилеп последна пречка пред Ф4 на Купот

69
РК Еурофарм Пелистер – Струга лесен залак, Прилеп последна пречка пред Ф4 на Купот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа против Струга со 44-19 во првиот меч од четвртфиналната група Г во Купот на Македонија.

Екипата од Битола настапи со комбиниран состав, а без посериозни проблеми успеа да го надигра ривалот и да оствари убедлива победа (44-19). Одмор од тренерот Алушовски добија капитенот Кузмановски, Митревски, Тајник, Граховац…па поголема шанса за игра имаа Хекбарт, Хаџиќ, Петар Атанасијевиќ…

За пласман на Ф4 екипата на Алушовски ќе игра против Прилеп, в петок од 16:00 часот.

Група Г

Прилеп – Драчево Јуниор 41-34

Струга – Еурофарм Пелистер 19-44

финале,:Еурофарм Пелистер – Прилеп



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: На партизираното судство не може да му се верува
Следно соопштениеФилипче: Контрола од Европското обвинителство на Ковеши за вистинска борба против корупцијата