РК Еурофарм Пелистер – Супер-финиш на пелистерци за рутинска победа против Татабања

12
РК Еурофарм Пелистер – Супер-финиш на пелистерци за рутинска победа против Татабања

Еурофарм Пелистер – Татабања 32-29 (15-16)

Првакот на Македонијаа, ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија и втората победа на ТВ Турнирот во Добој. По тесната победа над Црвена Звезда, битолчани денска со пресврт во второто полувреме успеаја да слават и на средбата со унгарска Татабања, овој пат со резултат 32-29.

Унгарците одиграа цврст натпревар и во добар дел од овие шеесет минути успеваа да се одржат во водство. На полувреме Татабања имаше предност од еден гол (15-16), а во вториот дел мечот беше во егал се до завршните десетина минути, кога благодарение на добрите интервенции на Ивиќ, битолчани направија комплетен пресврт и преминаа во водство (28-25).

До крајот Еурофарм Пелистер ја одржа разликата и дојде до нова победа. Кај македонскиот шампион се истакнаа Радивојевиќ со седум, Хосни со шест и Манасков со пет гола. Во последното коло македонскиот шампион ќе се судри со Загреб, додека Татабања ќе игра против Црвена Звезда. Хрватскиот шампион попладнево извојува убедлива победа над „црно-белите“ од 21-38.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАРПОШ ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Стерјев: Продолжува успешната приказна, ни следат нови успеси и радост на трибините