РК Еурофарм Пелистер – Тиквеш „скршен“ во вториот дел, Еурофарм Пелистер победнички го почна плеј-офот

76
РК Еурофарм Пелистер – Тиквеш „скршен“ во вториот дел, Еурофарм Пелистер победнички го почна плеј-офот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа првата победа во плеј-офот во Суперлигата и тоа на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш.

Гостите од Битола триумфираа со 27-32 во средба во која првиот дел донесе далеку поизедначена игра и минимална предност на фаворитот од 15-16 на паузата, но по одморот актуелниот првак се одлепи и потоа немаше проблеми да го сочува стекнатото водство.

Најефикасен играч беше репрезентативецот Кузмановски со дванаесет гола, додека на другата страна Кривокапиќ имаше десет реализации.

Ракомет
Суперлига 2024/25
Плеј-оф – прво коло

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 27-32 (15-16)

Спортска сала „Јасмин“ – Кавадарци
Гледачи: 1.500
Судии: Михајло и Методија Илиевски
Црвен картон: Мамдух (Еурофарм Пелистер)

Тиквеш:
Аџиќ, Велков, Анастасовски 4, Темелкоски, Соколов, Андоноски, Кофиловски, Димовски 2, М. Манасков 4, Гачевиќ, Коцев 3, Летиќ, Тодоров, Кривокапиќ 10, Даневски, Обина 4
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Ристевски, Кузманоски 3, Тајник 2, Борзаш, Радивојевиќ 5, Кузмановски 12, Костески 2, Абутовиќ, Ѓорговски, Пешевски 3, Хосни 3, Хаџиќ, Пав. Атанасијевиќ 2, Мамдух
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 8 минути

Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид, в недела од 18:00 часот.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира
Следно соопштение▶️ ПЛЕЈОФ: ВАРДАР 1961 – АЛКАЛОИД