РК Еурофарм Пелистер – Тројца членови на битолските клубови ќе играат на младинскиот Мундијал во Полска

61
РК Еурофарм Пелистер – Тројца членови на битолските клубови ќе играат на младинскиот Мундијал во Полска

Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Радослав Стојановиќ го објави конечниот список на повикани ракометари за претстојното Светско првенство кое што ќе се одржи во Полска. На скратениот список се ракомегарите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2: Давид Брестовац, Ненад Белистојановски и Мирчев Калајџиовски.

Младинската машка репрезентација е дел од групата Ф заедно со селекциите на Исланд, Фарски Острови и Романија, а натпреварите ќе се играат во Катовице.

Првиот собир ќе се одржи на осми јуни пред РФМ, а потоа ракометарите продолжуваат за Маврово каде ќе ги одработат главните подготовки за светскиот шампионат.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Се потврди дека немам вина за Онкологија – ВМРО-ДПМНЕ води политичка хајка врз мене
Следно соопштениеФилипче: Македонија стагнира, Црна Гора и Албанија брзо чекорат кон ЕУ