РК Еурофарм Пелистер – Уште една убедлива победа, Еурофарм Пелистер 2 останува максимален во Првата лига

81
РК Еурофарм Пелистер – Уште една убедлива победа, Еурофарм Пелистер 2 останува максимален во Првата лига

Еурофарм Пелистер 2 продолжува без загубен бод во Првата лига, откако на домашен терен славеше против Астраион со убедливи 41-14. Домаќините поведоа со 5-1 и 9-2 и јасно беше каков тек ќе има овој натпревар. До паузата избраниците на Александар Зарков обезбедија плус 11, 18-7. Во второто полувреме одиграа уште подобро постигнаа дури 23 гола, а одбраната беше одлична и им дозволи на гостите само седум погодоци.

Најдобри стрелци во победничкиот гол беа Дамјан Наумовски и Христијан Митревски со по шест гола, додека кај гостите се истакна Христијан Ефтимов со седум погодоци.

Ракомет
Прва лига – група А – 2024/25
12. коло

Еурофарм Пелистер 2 – Астраион 41-14 (18-7)

Спортска сала „Боро Чурлевски“
Гледачи: 200
Судии: Николче Даскаловски и Љубомир Ќумуловски

Еурофарм Пелистер 2:
Младенов, Спасевски, Марковски 4, Блажевски 1, Наумовски 6, Митревски 6, Димитровски 1, Калајџиовски 1, Пецаковски 2, Славков, Гичев 5, Димовски 5, Белистојановски 5, Југовски 4, Дрогришки 1
Седмерци: /
Исклучувања: 4 минути

Астраион:
Ристов, Јовановски 1, М. Ефтимов 1, Касапов, Мастев, Гогов, Георгиев 2, Х. Ефтимов 7, Алексиев 1, Пеловски, Аргиров 1, Ј. Рингов 1, Ѓорѓиев, Ѓ. Рингов
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути

Со дванаесет победи од исто толку натпревари екипата на Еурофарм Пелистер 2 останува суверен лидер во Првата лига.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС, партијата која ја ограби државата, глуми морален судија!
Следно соопштениеПоддршката на мали и средни компании со поволни кредити, ќе биде двигател на целокупната економија