РК Еурофарм Пелистер – Веспрем пресилен за битолчани, следи дуел за трето место со Војводина

133
РК Еурофарм Пелистер – Веспрем пресилен за битолчани, следи дуел за трето место со Војводина

Еурофарм Пелистер – Веспрем 28-35 (14-17)

Еурофарм Пелистер, загуби од Веспрем во полуфиналето на „Купoт на пријателство“ кој се одржува во турскиот град Сакарија. И покрај тоа што битолчани беа рамноправен противник, сепак, на крајот Веспрем победи со 35-28. Јовиќ и Шундовски настапија со комбиниран тим, без Кисум, Сери и Борзаш.

Пелистерци добро парираа, особено во првите дваесет минути, во кои имаa и предност. Меѓутоа до крајот на полвуремето Веспрем се одлепи и имаше три предност на полувреме.

Во вториот дел подобар влез за Унгарците, кои направија разлика, па брзо дојдоа и до шест, па потоа и до седум разлика, кои беа недостижни за битолчани.

Најфеикасен кај Еурофарм Пелистер беше Нејц Цехте со осум гола. Со овој пораз пелистерци ќе разигруваат за третото место на турнирот, а противник ќе им биде Војводина.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеБез блокадите на ДПМНЕ можеме да успееме и до 2030 година да бидеме членка на ЕУ
Следно соопштениеБлокадите од Мицкоски за членството во ЕУ се против подобар живот на народот