РК Еурофарм Пелистер – Висла преголем залак, трет пораз за пелистерци во Лигата на шампионите

8
РК Еурофарм Пелистер – Висла преголем залак, трет пораз за пелистерци во Лигата на шампионите

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа третиот пораз сезонава во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва загубија на гостувањето во Полска од Висла Плок со 36-25 (18-14) во рамки на четвртото коло во групата Б.

Македонскиот шампион одржуваше резултатска неизвесност само во воведните дваесет минути, кога Висла Плоцк при резултат 11-10 влезе во серија од 3-0 и на полувреме замина со предност од +4. Полскиот претставник продолжи да доминира на паркетот во второто полувреме, постепено зголемувајќи ја предноста која во 56. минута достигна највисоки +12 (34-22).

Манасков со седум голови беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер, а голманот Митревски запиша девет одбрани.

Ракомет
Лига на шампионите 2025/26
Б група
Четврто коло

Висла Плоцк – Еурофарм Пелистер 36-25 (18-14)

Спортска сала „Орлен Арена“ – Плоцк
Гледачи: 3.000
Судии: Мадс Хансен и Јеспер Јансен (Данска)

Висла Плоцк:
Алиловиќ, Бергеруд, Ричардсон 8, Сердио Гунтир 5, Михиќ 4, Зарабец 3, Фазекаш 3, Илиќ 3, Косоротов 3, Дашек 2, Јанц 2, Шушња 1, Давидзик 1, Зита 1, Самоила, Крајевски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Мацанковски, Манасков 7, Павле Атанасијевиќ 4, Хекберт 3, Хенигман 3, Пешевски 3, Кузманоски 2, Тајник 1, Калајџиески 1, Хосни 1, Видомвски, Калес Валид, Радивојевиќ, Абутовиќ, Петар Атанасијевиќ
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 8 минути

Во следното петто коло Еурофарм Пелистер ја пречекува Барселона во Битола.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава
Следно соопштениеФилипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам