РК Еурофарм Пелистер – Војводина за нијанса подобра во малото финале во Сакарија

127
РК Еурофарм Пелистер – Војводина за нијанса подобра во малото финале во Сакарија

Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 27-33 (15-14)

Македонскиот ракометен шампион,тимот на Еурофарм Пелистер, заврши на четвртото место на „Турнирот на пријателството“ во Сакарија. Во битката за третото место битолчани беа поразени од Војводина со 27-33.

Ова беше натпревар кој се одигра речиси без одбрани, повеќе наликуваше на ревијален дуел. Еурофарм Пелистер го бркаше српското водство, а Војводина покажа дека неслучајно е српски првак и освои европско клупско натпреварување минатата сезона.

Најдобар стрелец кај Војводина беше Вукашин Воркапиќ со седум гола, пред Живан Пешиќ со шест реализации, а кај Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ даде осум гола, Цветан Кузманоски имаше пет, а Денис Васиљев заврши со четири гола, додека Нејц Цехте реализира трипати.

Следниот предизвик за ракометарите на Јовиќ и Шундовски е Суперкупот на Македонија и дуелот прогив Вардар 1961 в среда во Струмица.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ нема аргументи зошто е против уставните измени и членството во ЕУ
Следно соопштениеВласта е директно одговорна за монструозниот систем на крадење и препродавање на лекови на онкологија – нека не замајуваат со “мултикултурен и мултиетнички криминал“