РК Еурофарм Пелистер – Зарков дебитираше со победа, Еурофарм Пелистер 2 го надигра Прилеп

11
РК Еурофарм Пелистер – Зарков дебитираше со победа, Еурофарм Пелистер 2 го надигра Прилеп

Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 28-31 (13-16)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 има сериозни амбиции за враќање во суперлигашкото друштво, а тоа го покажа на стартот на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп каде славеше над домаќинот РК Прилеп (31-28).

Младите битолчани одиграа одличен натпревар, а успеаја да ја одбранат победата на крајот иако ривалот на двапати доаѓаше на минимална негатива од еден гол. На полувремето резултатот на семафорот гласеше 16-13 за тимот предводен од Александар Зарков.

Претходно, ГРК Охрид го отвори турнирот со убедлива победа над МРК Куманово (31-23). Утре (петок) следи вториот дел од Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ – од 18:00 часот играат Врање и МРК Куманово, додека од 20:00 часот на мегдан одат ГРК Тиквеш и Прилеп.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеТрипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција” – настан во рамки на проектот “SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер со победа го започна турнирот во Добој