РК Еурофарм Пелистер – Зарков: До крај ќе се бориме за плеј-оф, иако работите не зависат само од нас

101
РК Еурофарм Пелистер – Зарков: До крај ќе се бориме за плеј-оф, иако работите не зависат само од нас

Еурофарм Пелистер 2 го одработи првиот тренинг во пресрет на пролетниот дел од сезоната во Суперлигата. Тренерот Александар Зарков информираше дека подготовките ќе се одвиваат на домашно тло, а закажани се и три контролни средби.

„Комплетните подготовки ќе ги одработиме во Битола. Имаме програма како физички, така и тактички да ја подигнеме екипата. Во текот на подготовките ќе одиграме и контролни натпревари со Прилеп и Младост Богданци. До крајот на првиот дел од шампионатот има уште четири кола, од кои на две мораме да победиме – против Струга и Радовиш. Не зависи сè од нас, но шанси имаме. Нашето ќе го направиме на терен, ќе одиграме максимално посветено на сите натпревари и на сите ќе одиме на победа“, изјави Зарков.

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 напролет ќе биде посилен за Ненад Белистојановски, кој пропушти голем дел од есенската полусезона заради повреда.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски со анти-ЕУ кампања ја води земјата кон изолација
Следно соопштениеТендерски пирамиди на ВМРО во општините: 51 тендер, 16 милиони евра само за една фирма