РК Еурофарм Пелистер – Зарков прозиваше, Еурофарм Пелистер 2 започна со подготовки

104
РК Еурофарм Пелистер – Зарков прозиваше, Еурофарм Пелистер 2 започна со подготовки

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, со денешниот работен состанок и првиот тренинг, официјално ги започнаа активностите во вториот дел на сезоната. Тренерот Александар Зарков на располагање ги имаше скоро сите ракометари од есенскиот дел, со кои ќе се обиде во последните четири кола од регуларниот дел на Суперлигата да се избори за плеј-офот.

Еурофарм Пелистер 2 ќе се подготвува во својот дом. Екипата ќе тренира секојдневно во спортската сала „Боро Чурлевски“, а планирани се и три контролни натпревари. На 23 и 25 јануари Еурофарм Пелистер 2 ќе тестира со Прилеп, а на 30 јануари ќе се сретне со Младост во Богданци.

Екипата на Александар Зарков презими на седмото место со 17 бода. Првиот официјален натпревар во 2026 година Еурофарм Пелистер 2 ќе го одигра на 7 февруари против Еурофарм Пелистер.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеТендерски пирамиди на ВМРО во општините: 51 тендер, 16 милиони евра само за една фирма
Следно соопштениеТехничката влада мора да остане