РК Еурофарм Пелистер – Жарко Пешевски уште една година во Еурофарм Пелистер

5
РК Еурофарм Пелистер – Жарко Пешевски уште една година во Еурофарм Пелистер

Срцето на нашиот проект и во иднина ќе бидат квалитетни македонски репрезентативци, кои и, како и во цела наша историја, ќе го носат дресот на Еурофарм Пелистер. Во тој правец со гордост го објавуваме потписот на нов договор на кружниот напаѓач Жарко Пешевски. Тој се обврза на договор со шампионот на Македонија и за сезоната 2026/27, со што успешната приказна на Пешевски со нашиот клуб ќе продолжи и во иднина.

Неговото доаѓање во Битола се поклопи со трофејниот период и растот на клубот. Затоа заедно ќе водиме нови предизвици и ќе освојуваме нови трофеи во иднина. Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, репрезентативниот пивотмен настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеLicence A Bezpečnostní Systém Míry · český trh Claim Free Spins 22bet Casino Online
Следно соопштениеVandrende Satse Føl Vegas Now – NO Unlock Offer