РК Еурофарм Пелистер – Жилавиот Еурофарм Пелистер загуби во „Јасмин“ од засилениот Тиквеш

70
РК Еурофарм Пелистер – Жилавиот Еурофарм Пелистер загуби во „Јасмин“ од засилениот Тиквеш

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 28-26 (14-10)

Реновираниот тим на Еурофарм Пелистер 2 со пораз ја отвори новата сезона во групата А на Суперлигата, Момците на Михаил Петровски загубија од Тиквеш во „салата „Јасмин“ во Кавадарци со 28-26.

Расположените домаќини тргнаа одлично во мечот и имаа водство од четири гола (12-8) во завршницата од првото полувреме, кое го задржаа до паузата (14-10). Еурофарм Пелистер Пелистер 2 притисна во вториот дел и ја врати неизвесноста откако негативата ја стопи на само еден гол (21-22), но Тиквеш не дозволи изненадување и славеше со 28-26.

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 28-26 (14-10)

Спортска сала „Јасмин“ – Кавадарци. Гледачи 1.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

Тиквеш:
Гемаљевиќ, Анастасовски, О. Лазов, Мијатовиќ 1, Темлкоски 4, Велков, Соколов, Стефановиќ 3, М. Лазов, Манасков 3, Шулевски 1, Коцев, Симиќ 4, Мајиќ 7, Ани 5
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Штакоски, Младенов, Маркоски 3, Талевски, С. Ристевски, Х. Ристевски 3, Мирчевски, Димовски, Трпчевски 3, Димитровски 4, Калајџиовски 2, Ивановски 4, Белистојановски 4, Југовски, Мијушковиќ 3, Хаџиќ
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути

Во второто коло Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Скопје 2020 следниот викенд во Битола.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Јовиќ: Ги исправивме грешките, подготвени сме за Колштад и ЛШ (ВИДЕО)
Следно соопштениеВтора недела трае „истрагата“ на Онкологија и нема никој приведен – постои сомнеж дека се прикриваат докази за да се спасат виновниците од високите ешалони на власта