RK VARDAR 1961 I Official site

119
RK VARDAR 1961 I Official site

Поради новонастанатата здравстевана ситуација во клубот, РК Вардар испрати допис и информација до Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија и до РК Пелистер.

„Би сакале да Ве известиме дека во моментов, заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар.

Поради ова, би сакале да најдеме заедничко решение за оваа состојба која го зафати клубот, а се во интерес на регуларноста на Првенството, фер-плејот и спортското џентлменство. За поткрепа на се ова што го говориме во текот на утрешниот ден, ќе испратиме и медицински извештаи со кои што се потврдува горенаведеното.

Во овој момент, би сакале да побараме Официјално одложување на натпреварот од 8-коло Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи“

Спортски поздрав,

Извор на соопштението

Претходно соопштениеТрипуновски: Заради неспособноста на СДС ИПАРД 3 стартува во септември 2023, наместо во март 2022
Следно соопштениеЧеститка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба