РК Вардар 1961 и “Универзитет Скопје” потпишаа Меморандум за соработка

163
РК Вардар 1961 и “Универзитет Скопје” потпишаа Меморандум за соработка

Извршниот директор на двократниот европски шампион РК Вардар 1961, Борко Ристовски и ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски потпишаа Меморандум за соработка.

За таа цел, Универзитет Скопје ќе додели 15 целосни стипендии за упис на додипломски студии во академската 2023/2024 година.

РК Вардар 1961 и Универзитетот Скопје делат исти вредности, а тоа е развој на спортот во нашата држава.

“Продолжуваме да го поддржуваме спортот во Македонија. Продолжуваме без запирање да вложуваме во здрава младина за доброто на татковината!” – изјави проф. д-р Аце Миленковски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВардар потпиша со Јапонецот Косуке Јасухира
Следно соопштениеНa бонбона бизнисите им нема крај: директорот на штаб на ДПМНЕ „награден“ со 18,5 милиони за две години!