Ромео Костадинов – Нов потпретседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија

112
Ромео Костадинов – Нов потпретседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија

Промена во раководството на ССК, Ромео Костадинов нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Сојузот на стопански комори на Македонија го избра Ромео Костадинов за нов потпретседател на Сојузот на комори. Костадинов е претседател на Комората на сметководители, финансиери и даночни советници, која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопански комори. Со повеќе од 30 години работно искуство во овие области, како и менаџерското искуство во раководење на компанијата “Еуро Консалт Плус”, друштво за економско правен консалтинг од областа на финансии, сметководство и даночна проблематика, Костадинов своето искуство ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија, застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората.
Доседашните потпретседатели м-р Горан Ѓорѓиевски, д-р Орце Симов, Сашо Дукоски, д-р Тања Дејановска и Михаил Кирков остануваат на досегашните функции, а завршува мандатот на досегашната потпретседателка Габриела Кулебанова.

Сојузот на стопански комори на Македонија е најголема независна деловна организација во Македонија со 35 стопански комори кои членуваат во Сојузот и над 30 групации, здруженија и асоцијации.

Previous articleССКМ дел од разговорите на високо ниво „Бизнисот и човековите права“ во Обединетите Нации во Женева

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИНФОРМАЦИЈА ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА УРБАНА ЗАЕДНИЦА НЕРЕЗИ
Следно соопштениеНаместо модерно, Мицкоски и ДПМНЕ Скопје го претворија во депонија