На 17.02.2023 година со најголема почит Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити го пречека тимот на спасувачи на доброволното здружение „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, воедно се и волонтери на Црвениот крст кои се вратија од спасувачката акција што ја спроведоа во Adiyaman погоден од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари 2023 година.
Нашите херои Артан Демири, Хетем Арслани, Сефер Демири и Исуф Јакупи информираа за акцијата за спасување човечки животи. Со емоции тие раскажаа и многу тажни моменти од ситуацијата со која наишле во турските градови по земјотресот, но и моментите на радост што ги почувствувале кога спасувале животи и по 118 часа под урнатините на зградите.
Нема зборови со кои може да се опише нивнотo херојство, хуманост, храброст, како и на сите членови на спасувачките тимови кои учествуваат во оваа хуманитарна акција во Турција.
The post Саити го пречека тимот на спасувачи на доброволното здружение „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, воедно се и волонтери на Црвениот крст appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.