Сајтот на СДС стана платформа за литературни анализи од жанрот измислица

118
Сајтот на СДС стана платформа за литературни анализи од жанрот измислица

На СДС им се истрошија измислените теми, па затоа како што велат и самите ‘со полна пареа’, почнаа да гуглаат кој бил најголем лажго.

Разбираме дека секој тргнува од себе и сопствените навики, па оттаму и ваквите асоцијации, но очигледно веќе не ни читаат што праќаат.

Откако ја открија вештачката интелигенција, ја користат исклучиво за масовно продуцирање соопштенија, за да го полнат сајтот на партијата кој до неодамна беше празен затоа што ги немаше ‘новите кадри’ на Филипче да излегуваат во јавност и да се самопромовираат како нова енергија.

Сега откако ја надминаа таа фаза, на сајтот на СДС можат да се најдат анализи од секаков тип, на пример денес анализираат дела од жанрот измислица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГраѓаните на Македонија повеќе им веруваат на приказните на Барон Минхаузен отколку на ДПМНЕ
Следно соопштениеПетрушевски: Апасиев е гласен само кога му одговара па преку фејсбук статуси се обидува да го прикрие своето лицемерие