СДС беа кумови на урбаната мафија во Кисела Вода

57
СДС беа кумови на урбаната мафија во Кисела Вода

Паушалните изјави на СДС, да не беа смешни ќе беа навистина трагични. Бетонизацијата беше второто моминско презиме на Филип Темелковски и неговата екипа, кои го претворија јавниот интерес во приватен профит.

Да потсетиме за јавноста: градоначалникот Орце Ѓорѓиевски уште од првиот ден на мандатот го поништи предлог-ДУП-от на Темелковски и мафијата, со кој се предвидуваа 99 згради во Расадник.

Тоа значеше бетонизација на повеќе од 1 милион м² бруто површина и гушење на народот. Наместо тоа, за првпат после Кензо Танге, се распиша Меѓународен конкурс за Расадник за избор на идејно решение и вистински развој, наместо груба градба.

За првпат беа поништени маркици и ДУП-ови таму каде што СДС дозволуваше по 30-40 станови во еден објект во Црниче и Пржино. Сега таму има строги ограничувања до максимум четири станбени единици. И тоа е нивната болка заради која денес држат вакви смешни прес-конференции.

А уште повеќе ги боли фактот што на претстојните локални избори силно ќе изгубат и ќе останат без ниту една општина. Но, тоа е реалност со која мора да се соочат. Урбаниот хаос и дивеењето на урбаната мафија завршија со нивното заминување во политичка пензија.

Денес, на местата каде што СДС планираше згради, никнуваат паркови, зеленило, детски катчиња и спортски терени. Така ќе биде и во Скопје после октомври, град по мерка на луѓето, а не на мафијата.

СДС – никогаш повеќе!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ: Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, владата ќе им дава 2 денари само на винариите
Следно соопштениеЗАВРШИ ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА „НЕРЕШКИ МАЈСТОРИ“