СДС да беа сериозни во намерите уште првиот ден ќе поднесеа предлог-закони во собранието поврзани со нафтата, а не секојдневно да свикуваат прес-конференции, небаре промовираат концерт на Харис Џиновиќ

67
СДС да беа сериозни во намерите уште првиот ден ќе поднесеа предлог-закони во собранието поврзани со нафтата, а не секојдневно да свикуваат прес-конференции, небаре промовираат концерт на Харис Џиновиќ

Доколку Филипче и СДС беа сериозни во намерите, уште првиот ден ќе поднесеа предлог-закони во собранието поврзани со нафтата, а не 5 дена да најавуваат и да свикуваат прес-конференции, небаре промовираат концерт на Харис Џиновиќ.

СДС бара минус 4 денари да се намали акцизата, а тие истите во самите закони напишале дека цената на акцизата може да се намали за 4 денари доколку прво имаме кризни и вонредни состојби и доколку цената на нафта по тон, значи не по барел, по тон е повеќе од 1200 долари. Во овој момент се уште цената не е таква. Во законите точно се си има пропишано, ги следиме и ќе одговориме соодветно, согласно тоа како ќе движи цената на нафта.

Македонија има едни од најевтините горива во регионот и Европа, а дополнително цените се намалија за 2 денари поради заложбите на Владата со компаниите.

Само за потсетување, СДС со Заев и Филипче, три пати ја зголемија акцизата на нафтата кога беа на власт. И со тоа зголемување на цените, не вложуваа во капитални инвестиции, туку инвестираа во нивните џебови.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗемјоделците се без пари затоа што криминалците во власта ги крадат
Следно соопштениеКаранфилова Пановска: Власта да скрати од своите луксузи и да преземе мерки за помош на граѓаните