СДС да не го злоупотребува случајот со новороденчето за дневнополитички поени

55
СДС да не го злоупотребува случајот со новороденчето за дневнополитички поени

СДС да престанат да се однесуваат како хиени и чим дознаат за нечија смрт, да им се јавува павловиот рефлекс, и да се радуваат над нечија тажна судбина како што е случајот со новороденчето на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство.

Она што е јасно како бел ден е дека сите неопходни протоколи се преземени и сите надлежни институции се известени.

И доколку се утврди било каква човечка грешка истите ќе бидат отстранети и ќе има одговорност за причинителите за несреќата. Ниту ќе биде сокриен некој, ниту овој случај ќе биде заташкан како многу претходно кога Филипче беше министер за здравство.

Тоа е важната разлика помеѓу оваа и претходната влада. Не е во ничиј интерес да се сокрие било што. Наместо сочувство до семејството, СДС прави политика од смртта на новороденчето. Тоа е за секаква осуда.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеАКТ денеска ќе ја претстави новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот
Следно соопштениеГраѓаните ќе стават крај на криминалот и корупцијата на ДПМНЕ!