СДС и ДУИ дадоа црвен картон за системот безбеден град, со што покажаа дека се против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

90
СДС и ДУИ дадоа црвен картон за системот безбеден град, со што покажаа дека се против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Пратениците на СДС и ДУИ дадоа црвен картон и гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот, додека сите останати ја препознаа користа од проектот безбеден град.

СДС и ДУИ не го дадоа гласот за измени на Законот за прекршоци, важен дел за официјално да се применува системот безбеден град од 1 февруари.

Безбеден град е проект кој го поддржаа сите политички фактори и целта на истиот е да ја зголеми безбедносната култура кај граѓаните, но коалицијата ДУИ – СДС се против систем кој означува сигурност и стабилност за граѓаните.

Безбеден град е систем кој уште на првиот ден од функционирањето регистрираше околу 110 илјади сообраќајни прекршоци, а нивниот број беше намален за половина за 24 часа. Овие податоци јасно ја потврдуваат ефикасноста и оправданоста на неговата примена.

Граѓаните го заслужуваат овој систем, познат како безбеден град, кој функционира во нивна корист.

СДС и ДУИ уште еднаш покажаа дека не можат да се грижат за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не само што се грижи за безбедноста и животите на граѓаните, туку и продолжува да креира политики кои се во интерес на народот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче ја кроел судбината на ,,Жан Митрев“, заедно со Заев ветувале влијание врз судски постапки
Следно соопштениеИзолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан