СДС и ДУИ ја претворија М-НАВ во партиска филијала за семејни вработувања 

36
СДС и ДУИ ја претворија М-НАВ во партиска филијала за семејни вработувања 

СДС и ДУИ ја претворија М-НАВ во партиска филијала напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните.

За време на СДС и ДУИ само што не настана огромен безбедносен проблем, откако контролорите за летање беа тепани од активисти на ДУИ.

СДС и ДУИ скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДС и ДУИ како на пример роднините на министерот Љупчо Николовски, беа менувани и членови на комисијата за прием на работа во МНАВ.

Дел од партиските вработувања на СДС и ДУИ се: Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри; Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески, роднина на екс-министерот Горан Сугарески.

Партиски вработувања на СДС и ДУИ и нивни блиски роднини се: за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска. Таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, вработена е и братучетка на екс-министерката Јагода Шахпаска од СДС.

Со СДС и ДУИ, М-НАВ беше претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам. Исто така Бујар Османи си ја вработи сестрата Артан Груби- снаата; Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син; Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – внук.

СДС и ДУИ се синоним за непотизам.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗа разлика од времето кога СДС ја водеше општината, денес Гази Баба се гради како никогаш во својата историја
Следно соопштениеЗапочна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100 000 домаќинства, Владата вложува во енергетска стабилност и независност на државата