СДС и ДУИ ја сместија Македонија во земји каде владее хибриден режим

155
СДС и ДУИ ја сместија Македонија во земји каде владее хибриден режим

СДС и ДУИ ја сместија Македонија во земји каде владее хибриден режим. Ваквите негативни извештаи станаа секојдневие со оваа влада. Македонија со години тапка во место. ДУИ и СДС се убедливо најнеспособната влада. Стагнацијата и просекот за нив се успех, а за Македонија пораз.

Оценката за владеењето на владата и независноста на медиумите е 3.5. Корупцијата и независноста на судството е оценета со 3.25. Македонија стана држава која од една тројка никако и никаде не може да добие повисока или подобра оцена.

За оваа состојба во која се наоѓа Македонија, за хибридниот режим кој го уништи доброто владеење и правдата преку инсталирање корупција во секоја сфера од општеството одговорноста лежи во СДС и ДУИ.

На Македонија и се неопходни промени и напредок, кој ќе резултира со подобрување на реномето на Македонија на сите релевантни извештаи, а ВМРО-ДПМНЕ на тоа се обврзува.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКриминалната коалиција на ДУИ И СДС, во договорот за коридорите, вметнале најмалку 5 специјалисти за надзор, кои во следните 5 години, ќе земаат месечна плата од 36.500 евра
Следно соопштениеБитиќи: Од први јули следува враќање на евтината дневна тарифа на електричната енергија