СДС и ДУИ преку нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

53
СДС и ДУИ преку нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица штитат криминалци.

Судиите избрани во Мала Речица ги штитат бизнис интересите на Али Ахмети и Заев.

Доказ за тоа е и Асмир Јахоски, кој излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети.

Газдата на Пуцко Петрол излезе од притвор, а за Апелација гаранција се 2 милиони евра.

Јахоски е син на пратеник од ДУИ, со уште 13 лица е осомничен за злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој го загадувале воздухот.

Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити, како Јахоски, поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут поради екстра профит и направиле огромен криминал.

Корумпираните судии и обвинители работат по насока на СДС и ДУИ и ги штитат нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно.

Спрегата помеѓу правосудството, СДС и ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат.

Времето на криминалци во политиката заврши.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНов бран на странски инвестиции кои ќе донесат од 5 до 6 милијарди евра во Македонија, што значи нови работни места за граѓаните и модернизација на државата
Следно соопштениеФилипче да не молчи, да се огради од наркодилерот Стојков и да се извини на јавноста за лошиот пример што им го дава на младите