СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано, Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод

92
СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано, Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод

СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано.
Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната влада на СДС и ДУИ.
Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод.
Наке Георгиев и Иџет Мемети се ситни криминалци во споредба со крупните криминалци од владата на СДС и ДУИ за кои институциите треба конечно да се охрабрат и да истражат дали од позиција на функција и моќ влијаеле врз судски одлуки и се стекнале со материјална корист.
САД, Европската комисија и сите меѓународни институции јасно укажуваа и нотираа во сите истражувања и извештаи дека правосудниот систем е корумпиран и дека Македонија нема напредок во борба со криминалот и корупцијата, само СДС и ДУИ се правеа при очи слепи, при уши глуви.
Денеска број еден тема наместо нови инвестиции во Македонија, е апсењето на Наке Георгиев кој во моментот на земање мито е приведен.
Со инсталирање на свои корумпирани кадри, Ахмети и Ковачевски го доведоа правосудниот систем во целосен хаос.
Она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека ниската доверба на граѓаните во судството е поради висок степен на криминал и корупција, излезе на површина.
Во која европска држава врховниот судија кој треба да ги почитува законите, да суди и носи одлуки согласно законите, зема мито и се обидува да влијае врз судски процес, односно влијаел за да се донесат олеснителни околности во случајот за екс градоначалникот на Ново Село од СДС, Боро Стојчев.
Криминалот и корупцијата во Македонија се резултат на неказнивост и директна спрега меѓу власта на СДС и ДУИ и правосудните органи.
Но, добро е што ова завршува. Важно е што институциите со промена на власта ќе се ослободат и конечно ќе работата во интерес на државата и граѓаните.
Секој кој што се огрешил пред законот и стекнал материјална корист од позиција на моќ и функција и влијаел врз правдата и владеењето на правото ќе одговара.
Само така Македонија повторно ќе биде правна држава!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеТРКАЛЕЗНА МАСА ПО ПОВОД ОБЕЛЕЖУВАЊЕ ДЕКАДА ЗА ЗДРАВО СТАРЕЕЊЕ
Следно соопштениеКомисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки за лекови!